Топ
Полицијата го пронајде девојчето, кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска станица Петровец кажал дека се оддалечило од својот дом.
Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во село Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против уште едно лице за сторени тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт, кој е во фаза на оценка, како и со други засега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и за имотот, од големи размери.
Поради нивните пропусти во еден подолг временски период, како и поради конкретните дејства на дел од обвинетите, на 16.3.2025 година во угостителскиот објект во Кочани бил предизвикан пожар на место на кое биле собрани поголем број луѓе при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, поради што настапила смрт кај 62 лица, тешки телесни повредидобиле 157 лица, а телесна повреда добиле 65 лица.
Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и во Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.
Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле во согласност со чл. 3 од Законот за приватното обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности за спречување и откривање штетни појави и противправни дејства, кои ги загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и во согласност со чл. 6 од Законот за приватното обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата – угостителскиот објект „Клуб пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата што вршеле обезбедување имот и лица.
На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.
Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Законот за приватното обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лицата при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица што не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и во согласност со законската обврска да извршат преглед на лицата при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети што може да се користат за уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност за животот, со што не го спречиле внесувањето и користењето експлозивни материии – пиротехнички средства, со кои бил предизвикан пожарот.
Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата, и давал директни инструкции на обвинетите, кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани, тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.
Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители, кои постапуваат, проценија дека сè уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патната исправа, Јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани.
Македонија
(Видео) „Вистината за случајот со АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ“, прашува Кузеска

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта? Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашува Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Од што се плаши Христијан Мицкоски? Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“?
Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски?
Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција?
Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста.
Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење“, соопшти Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Македонија
„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и за дефокус на јавното мислење од нивните злодела, недемократско и забегано однесување на власт“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ.
„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи.
Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.