Црна хроника
Полицијата затекна две лица кои незаконски наплаќале паркинг кај поликлиниката „Бит-пазар“
Денеска, во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника „Бит-пазар“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности по чл. 225 и кривично дело бесправно градење од чл. 244-а од КЗ, извести МВР.
„На самото место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг-услуги“, соопшти МВР.
По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.