Црна хроника
Полицијата трага по 16-годишна штитеничка од Домот „25 Мај“

Во текот на ноќта, односно околу 1 часот по полноќ во полициската станица во Карпош воспитувач во Домот „25 Мај“ пријавил дека во текот на претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечила нивна 16-годишна штитеничка.
По пријават од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на штитеничката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Починал затвореник во затворот Идризово

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, по пријава од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека починал 44-годишниот Џ.Х од Кичево.
Како што информираат од МВР лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.