Црна хроника
Починала 24 – годишна девојка во Битола, се чека обдукција

Дваесет и четиригодишна девојка починала во Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.
Полицијата информира дека вчера околу 21.30 часот во куќа на улица „Солунска“ во Битола, сопственост на Г.Б., починала неговата внука Љ.В.(24) од село Сладуево, демирхисарско. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, а лекар констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец, ги нападнал сопругата и ќерката, а оштетил и дел од мебелот

Полицијата во Центар вчера го приведе М.Ј.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 51-годишна сопруга и нивната 22-годишна ќерка и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германска регистрација се запали кај плоштадот во Свети Николе

Автомобил „мерцедес“ се запали синоќа на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе.
Возилото, со германски регистерски ознаки, било сопственост на Т.Ш.(53) од овој град.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.