Топ
Починат маж пронајден во напуштена куќа во Аеродром

Вчера вечер во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат 49-годишниот Т.Ш. од село Кучевиште-скопско, извести МВР.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.
Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија.
Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.
На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Топ
Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово.
Од таму велат дека против С.З. (54) е отворена истрага за убиство.
Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година.
Делото го извршил по претходна вербална расправија, под дејство на алкохол од 2.43 грам промили во крвта, но бил свесен за стореното. Откако со ловечки нож и нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.
„Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети“, додава Мицкоски во напишаното.
Карпалак како што вели, го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.
„Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет“.