Црна хроника
Почина жената што беше прегазена вчера во Аеродром

Почина жената што вчера напладне беше прегазена од возило на улицата Методија Шаторов – Шарло во скопската населба Аеродром.
Полицијата јави дека се работи за жена од Скопје, на возраст од 74 години, а со возилото управувал 22-годишен скопјанец, со иницијали И. А..
Жената, по незгодата, со тешки телесни повреди била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што синоќа починала.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

АМСМ информира за прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин, соопштија надлежните.
Црна хроника
Загина 74-годишен маж: со возилото излетал од патот во Кичевско

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.