Црна хроника
Почина осуденик од Идризово: на Клиника бил донесен со влошено здравје
Денеска во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал осуденикот И.А.(65) од Тетово.
Тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а претходно бил донесен со влошена здравствена состојба.
По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец
Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал татка си
Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени двајца тетовци: истепале полицајци, а кај едниот пронајдена марихуана
Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.
Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.

