Црна хроника
Почина 56-годишен маж од Пехчево: врз него паднало стебло
Вчера во Полициската канцеларија Пехчево пријавено е дека околу 11.20 часот на место викано „Голем Требомир“, атар на Пехчево, врз С.Ц.(56) од Пехчево, вработен во Шумско стопанство Пехчево, за време на извршување на работни задачи, паднало буково стебло.
Од здобиените повреди тој починал на местото.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Пехчево.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
31-годишен велешанец тешко повреден: со возилото излетал од патот
Утрово во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото.
Црна хроника
Товарно возило излета од патот во Тетовско: тешко повреден маж од Србија
Во СВР Тетово вчера во 18.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Мотоцикл удрил во паркирано возило на „Партизанска“
Синоќа во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(39) од Скопје, удрил во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од В.Л.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во приватна болница.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.