Црна хроника
Превезувал огревно дрво без документи: приведен тетовец
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, во 14.20 часот го привеле 52-годишниот С. Д. од тетовски Чифлик.
Tој со патничко моторно возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, превезувал огревни дрва без потребните документи.
Возилото и дрвата со потврда му се одземени и задржани во Полициското одделение Групчин за расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
„Макфакс“ претходно објави дека несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената. Надлежните вршат увид.
Топ
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.
Црна хроника
Пронајдена дрога во Тетово, приведени пет лица
На 19 ноември околу 18 часот на улицата Ван Вардарска во Тетово, полициски службеници ги приведоа Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.