Црна хроника
Прегазени две малолетнички во Кичево
Вчера во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата, извести МВР.
„Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец донесен во болница со повреда од остар предмет
Во петокот во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар предмет од едно лице кое го познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Се врати дома малолетникот кој побегна откако се скарал со мајка му
Вчерс во 20.15 часот во полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека дома се вратил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12), кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот по семејна расправија.
По малолетното момче трагаше и полицијата.
Црна хроника
Повозрасна жена тешко повредена откако во неа удрил возач со „мерцедес“
Вчера во 14.20 часот во полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Неготино патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(32) од Неготино, удрило во М.С.(73) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С. констатирани во болницата во Неготино.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.