Црна хроника
Прегазени пешаци на улици во Маџари и Кисела Вода
Во текот на вчерашниот ден двајца пешаци биле прегазени од автомобили во главниот град.
Станува збор за 51-годишен скопјанец и 29-годишна девојка кои се нашле на улиците Благоја Стефковски и Борис Трајковски во Маџари и Кисела Вода.
„На 03.12.2022 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Благоја Стефковски во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(38) од Скопје, удрило во пешакот И.В.(51) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Втората сообраќајна незгода се случила вчера на улицата Борис Трајковски кога „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управуваноод Љ.С.(54) од Скопје, удрило во Р.С.(29) од Скопје.
„Во несреќата, Р.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од полицијата.
На местото на несреќите, увид извршила полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

