Црна хроника
Прегазен пешак во Охрид, возачот побегнал
Синоќа во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патнички автомобил удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштил местото.
Пешакот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Го лажел дека е вработен во суд и дека ќе помогне синот да му биде ослободен од притвор: кривична за скопјанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Имено, во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.
Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.

