Црна хроника
Прегазен пешак на булевар во Скопје
Шеест и едногодишен пешак вчера бил прегазен од возило на булеварот Никола Карев во Скопје.
Со возилото управувал 22-годишен скопјанец, велат од полицијата.
По незгодата со возило на итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен скопјанец по напад во казино и семејно насилство
Вчера околу 21:40 часот, полицијата го приведе 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.
Приведувањето следело по претходна пријава дека околу 21:30 часот, во и пред казино, заедно со уште едно лице физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, со престој во Скопје. По нападот, Т.Ј. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
Дополнително, неговата 29-годишна сопруга пријавила дека тој физички ја нападнал и во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен велешанец поради напад во здравствена установа – ја заклучил во канцеларија, кршел, се заканувал
На 27 октомври 2025 година, околу 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 31-годишниот М.П. од овој град, по претходна пријава од 55-годишна велешанка.
Според пријавата, на своето работно место во здравствена установа во Велес, осомничениот ја заклучил жената во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет, па ја испрскал во очите со средство за чистење.
Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
91-годишна жена тешко повредена во сообраќаја несреќа
Во полицијата е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(63) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.С.(91) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид.

