Црна хроника
Прегазен тинејџер во Битола, возачот побегнал

Утрово во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата Партизанска во градот, автомобил управуван од непознат возач удрил во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштил местото на настанот.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ресенчанец прегазил полицаец за нога и удрил друг полицаец во рака

Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен.
Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека при вршење на службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило фиат без регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (26) од Ресен, а откако на местото со друго возило пристигнале другите лица, Б.Р. го стартувал возилото и на ногата прегазил еден полициски службеник и удрил во раката друг полициски службеник, по што сите заедно со тврди предмети ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Возач под дејство на алкохол приведен во Куманово

Утрово околу 3:50 часот, полициски службеници во Куманово привеле 23-годишен маж со иницијали Д.Т. од Куманово, кој управувал возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од МВР, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило од марката фолксваген голф со кумановски регистарски таблички, кое го управувал Д.Т. По извршен алкотест, било утврдено дека возачот имал 1,64 промили алкохол во крвта.
Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Два месецa посредувал при проституција на 23-годишна државјанка на Косово, сместена во неговиот мотел, притвор за тетовец

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.
„Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот“, соопшти Обвинителството.
По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.