Црна хроника
Прегазен 18-годишен пешак кај Зајас

Синоќа, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Зајас, патничко возило „рено сеник“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С. Н. (58) од селото Лешница, удрило во пешакот А. Ш. (18) од Зајас.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач од струшко: управувал возило под дејство на алкохол

Утрово во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен Унгарец на Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал

Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода 47-годишниот Ц.З. од Унгарија.
При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лишен од слобода 39-годишник од Пробиштип, возел пијан

Ноќеска во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 39-годишниот О.Т. од Пробиштип.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .