Црна хроника
Предложен притвор за осомничени за илегална трговија со дрога во Гевгелија и Делчево
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во временскиот период од јуни до 13 октомври годинава, во дворот од семејната куќа во Гевгелија засадил семки од растението канабис, редовно ги наводнувал и кога растенијата доаѓале во фаза на цветање, ги собирал цветните завршетоци и ги сушел.
При претрес во домот и помошните простории на осомничениот полицијата пронашла 29 стебла канабис, со висина од 15 до 120 см, со оформени цветни завршоци. Во неговата соба бил пронајден алуминиумски омот со 0,26 грама наркотична дрога марихуана, рачно изработена цигара со 0,77 грама марихуана, семки од растението со вкупна нето-маса од 3,80 грама, како и остатоци од кокаин, хероин и МДМА, пронајдени на разни предмети.
Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.
Основното јавно обвинителство Кочани, пак, предложи притвор за 41-годишен жител на Делчево кај кого на 13 октомври беа пронајдени повеќе пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето-маса од 29,15 грама.
Осомничениот бил сопрен за контрола и преглед додека управувал автомобил, при што со возилото се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дел од дрогата фрлајќи неколку пакувања низ отворениот прозорец. Меѓутоа, бил запрен и лишен од слобода, а против него исто така е поведена истрага за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

