Црна хроника
Пресметка помеѓу две групи синоќа во училиштен двор во Струмица

Полицијата ги приведе А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои синоќа околу 20 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М.
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повредени двајца мотоциклисти во две одделни сообраќани несреќи

Вчера околу 12.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од село Липково, општина Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од село Черкези, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Вчера во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на локален пат за село Зубовце, гостиварско, мотоцикл управуван од 66-годишниот Ќ.М. од село Дебреше, гостиварско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Целосно изгоре „голф“ во Скопје: од пожарот зафатени уште две возила

Денеска во 04.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(43) од Скопје.
Возилото е целосно изгорено, а зафатени биле и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ѓ.(51) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Т.(55) од Скопје.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
35-годишник однесен на Клиника: се повредил при извршување градежни работи во oсновно училиште во Гази Баба

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13.30 часот при извршување градежни работи во oсновно училиште на подрачјето на Гази Баба во Скопје со повреди се здобил 35-годишниот И.И. од село Ореше, тетовско.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид и известен е трудов инспеткор.