Црна хроника
Претреси во Битола, приведено едно лице, пронајдени оружје и муниција
Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Битола, ОКП-ОНТД го лишија од слобода С.Ф.(48) од Битола.
Имено, по обезбедени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, извршен бил претрес на две локации кај С.Ф., при што биле пронајдени и одземени: еден револвер, пушка „Ремингтон“, три противавионски куршуми различен калибар и 35 куршуми различен калибар за кои тој не поседувал соодветна дозвола. Исто така, при претресот биле пронајдени и одземени една воздушна пушка, три ловни карабини, еден пиштол „Валтер“ 7.65мм, една малокалибарска пушка, една ловна пушка „Бајкал“ и една ловна пушка „Цифсан“, за кои поседувал дозвола на негово име, како и една ловна пушка „Бреда“ со дозвола на име на неговиот син В.Ф..
Пронајдени биле и одземени вкупно 864 куршуми различен калибар, што е незаконски и спротивно на одредбите од Законот за оружје, според кој лицето може да поседува и чува во својот дом само 200 куршуми, велат од полицијата.
Претрес бил извршен и во викенд куќата на С.Ф. во битолско, при што биле пронајдени и одземени дополнителни 85 куршуми различен калибар.
Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Битола за незаконско пронајдената муниција и оружје за кои С.Ф. не поседувал дозвола ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, а за ловното оружје, пиштолот и пронајдената муниција спротивно на одредбите од Законот за оружје, ќе се спроведе управна постапка пред надлежните органи на СВР Битола, соопштија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

