Црна хроника
(Фото) Претреси во гостиварско, пронајдена дрога, уапсени двајца дилери

Вчера во 12 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.М.(30) од село Здуње, гостиварско, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во куќата и помошните простории во с. Здуње и при тоа била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, на 07.09.2025 во 12:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Џ.(31) од с.Здуње, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории и при тоа биле пронајдени и одземени марихуана, грутка кафена материја, три паковки со бела прашкаста материја и поголема сума на пари.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.
Црна хроника
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди

Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Црна хроника
36-годишен маж од Гостивар измамен за сума од 7.200 денари

Вчера во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје.
Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.