Црна хроника
Претреси во Кавадарци: приведени три лица, пронајдени дрога, оружје, муниција

Вчера на наплатна станица „Сопот“ во Велес од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Б.С.(27), Н.Д.(22) и М.М.(25) сите од Кавадарци, информира полицијата.
„По извршен преглед врз нив и возило „голф 4“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувале, како и по извршен претрес во нивните домови во Кавадарци, биле пронајдени и одземени солзавец, бела грутчеста материја, марихуана, пиштол „застава“, рамка со еден куршум кал.6.35мм, осум куршуми, два ловни патрони, пневматска пушка, пневматски пиштол кал.4.5мм, два ножа, солзавец“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Teшко повредена жена во сообраќајна на патот кај Ресен

На 13 август 2025 година, околу 11:10 часот, на крстосницата од магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото викано „Макази“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. (74) од Скопје, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К. (65) од Канада.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Хјундаи“-от, С.С. (71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Ресен.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Арачиново, меѓу нив и 3-годишно девојче

Вчера околу 14:20 часот, на улицата 1 во Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.А. (23) од Арачиново, и „сеат“ управуван од Б.И. (61) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Сеат“-от, Ч.И. (36) од Арачиново. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од „Фолксваген голф“ – тригодишно девојче, С.А. (20) и З.А. (28), сите од Арачиново. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Aвтомобил удри во 9-годишно девојче во Чаир

Синоќа на улицата Аугуст Цесарец во Скопје, Чаир, патничко возило „рено твинго“ управувано од Н.П.(21) од Скопје удрило деветгодишно девојче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Градската општа болница Свети Наум Охридски.
Извршен бил увид.