Контакт

Црна хроника

Претреси во Кочани, пронајдени големо количество украдени предмети

Објавено пред

Полицијата изврши претреси во објекти во Кочани и пронајде поголема количина украдени предмети од метал и арматурно железо.

dobivaj vesti na viber

Претресите биле во две правни лица и во објект сопственост на Д. Б. во Кочани

Од страна на инспекторите од двата државни инпектората кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка забрана за вршење дејност. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Црна хроника

Поднесено обвинение за убиство за мажот кој ја задуши партнерката во Кавадарци

Објавено пред

Од

Обвинителството поднесе обвинение против 43-годишниот маж кој во јануари ја задуши партнерката. Тој е обвинет за убиство.

dobivaj vesti na viber

„Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Од МВР тогаш соопштија дека е уапсен 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата била пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Нашле туѓа картичка на улица, потрошиле 15.000 денари – поднесена кривична пријава против две лица

Објавено пред

Од

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(30) и А.У. (29), двајцата од Скопје,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, на 02.12.2024 во близина на угостителски објект во Скопје, второпријавената  пронашла платежна картичка сопственост на лице од Свети Николе и му ја дала на првопријавениот,  кој во временски период од 02.12.2024 до 05.12.2024 неовластено ја употребил во 30 наврати,  вршејќи трансакции на неколку места, при што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 15.091 денари.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ја нападнал поранешната партнерка и случајни минувачи кои ѝ помагале, уапсено едно лице во Карпош

Објавено пред

Од

Полицијата уапси едно лице за напад на поранешната партнерка. Инцидентот се случил во Карпош, Скопје, а уапсениот ги нападнал и случајните минувачи кои се обиделе да ѝ помогнат на девојката.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, ноќеска во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(27) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека на 28.05 околу 22.20 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 23-годишна партнерка од Скопје, а нападнал и случајни минувачи, кои се обиделе да ѝпомогнат.

Исто така, според пријавеното, истиот на 25.05.2025 околу 02.00 часот, физички ги нападнал неа и нејзината пријателка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски,  нагласил дека е неопходно сојузниците во...

Македонија15 часа

Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров виден кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината...

Македонија16 часа

Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните...

Македонија16 часа

Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните...

Македонија17 часа

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат...

Македонија18 часа

Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на...

Македонија18 часа

Пандов повика судењето за пожарот во Кочани да биде во европската судница во Идризово од 1,3 милиони евра: Три години е празна

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денес апелираше судиите да закажуваат судења во новата судница во Идризово. Тој...

Македонија21 час

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија22 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија22 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија1 ден

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија1 ден

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија2 дена

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија2 дена

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија2 дена

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија2 дена

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија2 дена

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет2 дена

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...