Црна хроника
Претрес во Битола, приведен дилер, пронајдена дрога

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П. Т. (21) од с. Горно Оризари, Битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 пакувања со марихуана, дигитална вага и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.