Црна хроника
Претрес во Битола, пронајдена дрога
Вчера во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 42-годишниот П.П. од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, извести МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Украдени три бронзени бисти од гробиштата во Бутел
Крадци украле три бронзени бисти од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, вчера Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти.
Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Претрес во Прилеп, пронајдени муниција и пиротехнички средства, уапсено едно лице
Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп го уапсија П.В.(40) од Прилеп.
Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, 12 испукани чаури, 64 различни монети и други предмети.
По документирање на настанот, против П.В. ќе следува соодветна пријава.

