Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Вчера, во 23 часот, во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода А. Н. (31) и Н. А. (36), двајцата од Куманово. При преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н. А. (36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., извести МВР.
За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.
Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.
Црна хроника
30-дневен притвор за државјанин на Полска, пронајдена е дрога кај него

Вчера во 11:00 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот П.Т.С. од Полска, затоа што кај него пронајдоа и одзедоа дрога.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Еден скопјанец и двајца Срби уапсени за „даночно затајување“ и „недозволена трговија“

Денеска во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија.
Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со цигари.
Возилата и цигарите се одземени, а по насока на јавен обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против М.З. ќе биде поднесена пријава за „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, додека, против српските државјани ќе биде поднесена пријава за „недозволена трговија“ по член 277 од кривичниот законик.