Црна хроника
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/marihuana-zaplena-5.jpg)
Синоќа во 19.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Г.(46) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка при судир меѓу мотоцикл и електричен тротинет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/elektricen-trotinet.png)
Вчера во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Блаже Конески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Н.Т. и електричен тротинет управуван од 38-годишната И.А., двајцата од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа на обиколницата кај Богданци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Screenshot_18.jpg)
Вчера во 19.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Б.Г. од Богданци и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот З.М. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., а возачот З.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/reakcija-za-kucinja-skitnici.jpg)
Три лица од Скопје, во полициските станици, во текот на вчерашниот ден пријавиле каснување од куче скитник, извести МВР.
На 17.06.2024 во 10.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 17.06.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, К.Д.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 17.06.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Ј.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.