Црна хроника
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица
На 4.4.2023 година полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М. К. (33) од Прилеп и Т. П. (23) од Битола. При претрес во домот на М. К., извршен со судска наредба, каде што била затекната Т. П., била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повозрасна жена тешко повредена откако во неа удрил возач со „мерцедес“
Вчера во 14.20 часот во полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Неготино патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(32) од Неготино, удрило во М.С.(73) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С. констатирани во болницата во Неготино.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
Црна хроника
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
МВР соопшти дека вчера во 20 часот во СВР Куманово 18-годишна кумановка пријавила дека околу 18 часот во домот на нејзините родители во Куманово била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ф.Р.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Го барале да оди во затвор, а додека бил на слобода го тепал и таткото
Вчера околу 17 часот полициски службеници од полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко.
Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор.
Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.