Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
Денеска во Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе ги лишиле од слобода С.Н.(37), Н.Т., С.А., Д.А. и Ј.Н., сите од Свети Николе, извести МВР.
– При претрес во домот на С.Н, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, Н.Т. бил забележан како излегува од домот на С.Н. и при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, а останатите лица биле затекнати во домот, соопшти МВР.
Лицата се приведени во Полициска станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.