Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, уапсен 18-годишен дилер
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во дом на Л.С.(18) во Скопје, на територија на Карпош.
При претресот се пронајдени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Л.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со закана од оружје сакал да краде во продавница на патот Струга – Дебар, па се исплашил и побегнал
Синоќа во 19.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во продажен објект на магистралниот пат Струга – Дебар, едно лице со закана со огнено од оружје се обидело од вработената да одземе пари, но кога почнала да бара помош, лицето се откажало и заминало од местото.
Увид извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција на граничниот премин Деве Баир, приложил фалсификувана возачка
Вчера, во 9.30 часот, на граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот Ч. Ј. од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.
Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч. Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Возило излета од булеварот Јане Сандански, четири лица пренесени на Клиника
Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Љ.Т., излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.