Црна хроника
Претрес во Струмица, приведен дилер
Вчера, во 6 часот, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 19-годишниот Е. И. од Струмица, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.