Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Вчера во 15.15 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага. Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов 13-годишен роднина.
Како што соопшти МВР, ноќеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Ч.Х. од Скопје пријавил дека на 28 јуни, околу 21.00 часот, неговиот син бил повреден на подрачјето на Бит Пазар.
„Се работи на расчистување на случајот, а се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, сторителот е 13-годишник со кого жртвата е во роднинска врска. Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата води истрага.
Топ
Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро.
Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото.
На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Од ОВР Дебар велат дека сите околности поврзани со случајот се предмет на натамошна истрага, а јавноста ќе биде информирана по добивањето на резултатите од обдукцијата.
Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.