Црна хроника
Претседателот на ФК „Слога“ нападнал фудбалер на ФК „Карбинци“

Инцидент се случил вчера на градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријавил во полиција дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“.
Додека траел инцидентот, комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК „Карбинци“.
Во врска со настанот, во полициска станица е извршен службен разговор со Д.М. и Н.К.. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возач и сопатник од Косово се тешко повредени во сообраќајка

Во СВР Велес пријавено е дека околу 2 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25) од Република Косово, а констатирани во Општата болница Велес, по што поради сериозноста на повреди биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По насоки на надлежен ЈО извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Таксист на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на покривот на училиште во Богданци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднеле кривични пријави против пет лица и едно правно лице од Скопје, поради незаконски изведена реконструкција на покривот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци. Според пријавата, со непочитување на законските прописи за градежна безбедност, била загрозена безбедноста на учениците и вработените, а предизвикана е и значителна материјална штета на државниот буџет.
Пријавени се Г.Г. (39) од Скопје – сопственик и овластено лице на фирма за проектирање и инженеринг, И.Т. (45) од Скопје – одговорно лице за проектирање, Љ.Т. (62) и Л.Г. (69) од Скопје – овластени ревиденти, како и самото правно лице – фирма за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје.
Според полицијата, Г.Г. и И.Т. при изработка на проектот за реконструкција на покривот на училиштето, постапиле спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, со што ја загрозиле безбедноста на учениците и вработените. Дополнително, не било обезбедено стручно мислење за проектираниот степен на безбедност, што е спротивно на Законот за градење.
Ревидентите Љ.Т. и Л.Г., пак, при вршење на ревизија на проектот, не ги констатирале овие пропусти и дале позитивно мислење, овозможувајќи на правното лице да се стекне со имотна корист од 129.800 денари, додека на буџетот на Министерството за образование и наука му е нанесена штета од 12.678.049 денари.
Од МВР дополнуваат дека СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија продолжува со преземање на мерки и активности во врска со конкретниот случај за утврдување на евентуална инволвираност на други лице во истиот, односно за докажување на нивна одговорност, а се во насока на целосно расчистување на случајот.