Црна хроника
Приведена велешанка, во нејзиниот дом пронајден хероин
Приведена е 41-годишна жителка од Велес бидејќи во нејзиниот дом е пронајден хероин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– На 19.01.2024 во 14:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ја лишиле од слобода Б.М.(41) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, бил пронајден и одземен хероин, се наведува во денешното соопштение од МВР.
Б.М. е приведена во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.