Црна хроника
Приведениот за убиството кај „Мавровка“ е бегалец од затвор
Основното јавно обвинителство Скопје е известено од Министерството за внатрешни работи дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во кривично-правниот настан – убиство кај Трговскиот центар „Мавровка“.
Во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот, велат надлежните.
„Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ ‘Затвор Скопје’ врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување.
За овој кривично-правен настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, се нагласува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

