Црна хроника
Приведени двајца крадци во Кавадарци, одземеното вратено на сопственикот

Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Е. М. (20) од Кавадарци и Д. Џ. (20), со привремен престој во Кавадарци.
Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К. Н. (55) од с. Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети.
Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тинејџер доби кривична пријава за вонбрачен живот со дете

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело.
Според информациите на МВР, на 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци.
Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом.
Црна хроника
Возач загина кај гостиварско Чегране

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.