Црна хроника
Приведени двајца крадци во Струмица, кај нив пронајдени предмети што потекнуваат од кривични дела

Вчера, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С. Р. (21) од Радовиш и Т. Ј. (18) од Штип. Кај нив биле пронајдени предмети што потекнуваат од кривични дела тешка кражба и кражба извршени во септември од лица од Струмичко, извести МВР.
„Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.