Црна хроника
Приведени двајца крадци во Тетово, фатени на дело

Денеска во 02.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода 21-годишниот М.С. и малолетник, двајцата од Тетово. Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа, извести МВР.
„Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата се задржани во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.
Црна хроника
Полицаец издавал кога ќе има полициски и финансиски контроли по казина и локали

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.
Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.