Црна хроника
Приведени двајца малолетници поради тепачка со нож во Гостивар
Двајца малолетници од гостиварски Добридол се приведени, во присуство на родител поради сомнение за учество во нападот врз малолетник од истото село што се случи пред два дена, а во кој бил употребен нож.
„Кај едниот од приведените е пронајден остар предмет“, инфрмираат од полицијата.
Од МВР уверуваат дека се расчистува случајот, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во продажен објект во Струга
Во Струга, вчера во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“, полициски службеници го лишија од слобода е Х.Ќ.(29) од Струга.
Тој се сомничи поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Подолго време и се заканувал на 38-годишна жена: уапсен охриѓанец
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители“ го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид.
Полицијата како што е соопштено постапила по претходна пријава дека тој подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Почината жена пронајдена во стан во Струга
Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас.
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, соопшти полицијата.

