Црна хроника
Приведени двајца скопјани, имале пиштоли во автомобилот
Во текот на вчерашниот ден, околу 23.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на улицата Кичевска, на подрачјето на Ѓорче Петров, ги лишија од слобода И. А. (35) и Б. С. (34), двајцата од Скопје.
Имено, откога полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. А., во кое совозач бил Б. С., при извршен преглед кај него пронашле 3 огнени оружја, и тоа пиштоли „застава М57“, со рамки со муниција.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.