Црна хроника
Приведени две лица од Делчево поради „перење пари“
Денеска полициски службеници од СВР Штип ги лишија од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево.
Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје.
Притоа, со извршеното кривично дело причинета е материјална штета на Буџетот на РСМ во износ од 25.502.282 денари.
К.П. и Д.П. во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

