Црна хроника
Приведени две лица поради сомнение за шверцување мигранти
Вчера, околу 5.30 часот, на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Р. М. (47) и П. Ј. (51), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека со возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, биле претходница на патничко возило „рено меган“, со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 1.30 часот биле пронајдени мигранти.
Имено, околу 1.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган“, но тоа продолжило со движење, скршило рампа на наплатната станица Смоквица по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Притоа во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

