Топ
Приведени дрвокрадци во велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Вчера попладнето, во 16.00 часот во атар на с.Сопот, велешко, полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода Т.С.(51), Е.И.(28), Џ.И.(40), М.Ј.(39), Х.С.(35) и С.С.(35), сите од с. Бузалково, велешко. Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво.
Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса, Европа ќе ја одигра својата улога

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп по веста за комбинираниот руски напад синоќа, во кој беше погодена и Делегацијата на ЕУ во Украина, меѓу другите цивилни цели.
„Тукушто разговарав со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа и со американскиот претседател Доналд Трамп по масовниот напад врз Киев, кој ја погоди и нашата канцеларија во ЕУ“, напиша фон дер Лајен на платформата X.
Таа рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да започне преговори со Киев.
„Путин мора да седне на преговарачка маса. Треба да обезбедиме праведен и траен мир за Украина со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции“, истакна претседателката на Европската комисија.
Таа додаде дека Европа „целосно ќе ја одигра својата улога“.
„Нашиот одбранбен инструмент SAFE, на пример, ќе биде важен за зајакнување на храбрите украински вооружени сили“, истакна фон дер Лајен.
Таа претходно објави дека руските напади врз Киев, во кои загинаа 18 лица во текот на ноќта, меѓу кои и четири деца, „само ќе го зајакнат единството на Европа и пркосот на Украина“.
Фото: принтскрин
Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола.
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.