Црна хроника
Приведени дрвокрадци во Сирково

Синоќа, во 19.30 часот, во атарот на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А. Ѓ. (58), Д. П.( 60), двајцата од село Сирково, општина Росоман, и Љ. Ѓ. (65) од Кавадарци.
При преземање службени дејства во атарот на село Сирково полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А. Ѓ., Д. П. и Љ. Ѓ. со своите трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.
Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција, а по документирање на настанот против, нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Петровец

Вчера во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид.