Црна хроника
Приведени крадци во Битола, го признале делото, одземеното вратено на сопственикот
Денеска (22.10.2023) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола.
Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
„Макфакс“ претходно објави дека несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената. Надлежните вршат увид.
Топ
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.
Црна хроника
Пронајдена дрога во Тетово, приведени пет лица
На 19 ноември околу 18 часот на улицата Ван Вардарска во Тетово, полициски службеници ги приведоа Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.