Црна хроника
Приведени крадци во Прилеп, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Денеска во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода 34-годишниот Е.Б. и 29-годишниот О.М., двајцата од Прилеп, извести МВР.
„Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младо момче од Липково со автомобил удри во 91-годишен пешак, префрлен е во болница

Несреќа се случи вчера околу 13 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово.
Дваесет и двегодишниот Ќ.С. од Липково, со „мерцедес“ удрил во пешакот Т.Д.(91) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово, велат од МВР.
Извршен е увид.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот кон Дебар, тешко повредени тројца патници

Тројца патници се повредени во сообраќајка што се случила вчера околу 17 часот на патот Струга-Дебар.
Во несреќата учествувале два автомобили, пришто, според информациите од полицијата, тешко повредени се двајцата возачи од Струга, како и една сопатничка. Уште една сопатничка е полесно повредена.
Сите биле префрлени во охридската болница.
Извршен е увид.
Црна хроника
Тројца уапсени во Тетовско, организирале борба со кучиња

Вчера во 16.00 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 18-годишниот А.М. од село Горно Палчиште, 50-годишниот С.У. од село Долно Палчиште и 43-годишниот Ј.И. од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.