Црна хроника
Приведени криумчари на мигранти
На 27.10.2022 во 21:50 часот кај индустриската зона во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран ги лишиле од слобода В.Р.(22), А.Д.(24), Г.А.(23), Ф.Г.(23) и Л.Р.(20), сите од Косово, затоа што со три патнички возила „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки превезувале 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет мажи, две жени и три малолетници.
Околу 21;30 часот на стариот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници забележале дека во возилата кои ги управувале А.Д. и Г.А. влегуваат лица мигранти, додека возилото кое го управувал В.Р., а сопатници биле Ф.Г. и Л.Р., било претходница. Тие не застанале на знак за запирање и набргу ги истовариле мигрантите од возилата, но по преземени мерки возилата биле запрени, а мигрантите биле пронајдени.
За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Пронајдена дрога во Скопје, уапсени две лица
Вчера во 15:30 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје.
При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана.

Ноќеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото: МВР
Црна хроника
Штипјанец со туѓа картичка подигнал 31.000 денари, МВР поднесе кривична
Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип, поради сомнеж за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според истрагата, на 20 октомври 2025 година, пријавениот, без согласност и дозвола од едно женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка.
Со неовластен пристап до сметката, тој извршил четири успешни трансакции на два различни банкомати во Штип. На овој начин, од жената одзел вкупно 31.300 денари.
Црна хроника
Државјанин на Камерун фатен на Табановце со туѓа француска лична карта, купена во Скопје за 1.000 евра
Полицијата, вчера, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, го приведе П.М.Ф.Б. (29) од Камерун.
При рутинска гранична контрола, утврдено е дека мажот при увид приложил туѓа француска лична карта. Веднаш потоа, преку проверка, евидентирано е дека документот е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол.
Од понатамошната истрага констатирано е дека државјанинот на Камерун претходно бил регистриран во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово. Во неговите изјави, тој признал дека француската лична карта ја набавил од едно лице во Скопје, за која платил сума од 1000 евра.
Од МВР велат дека тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

