Црна хроника
Приведени лица што предизвикале пожар во скопско, користеле пиротехнички средства
Вчера во 16.00 часот во село Кучково, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа жители во Скопје
Вчера во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром, А.Љ.(43) од Скопје, пријавил дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 12.35 часот во Полициска станица Гази Баба, С.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Синоќа околу 21.00 часот во Полициска одделение Петровец, С.П.(44) од с.Петровец, скопско пријавила дека во с.Катланово била касната од куче скитник.
Црна хроника
Малолетник споделил експлицитни фотографии од неговата малолетна девојка на интернет, во ПС Драчево бил извршен службен разговор
Вчера во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа споделил фотографии со експлицитна содржина од неговата малолетна девојка, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Пронајдена 20-годишната скопјанка која се оддалечи од домот во Гази Баба
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека била пронајдена 20-годишната М.С. од Скопје, извести МВР.
На 16.09.2024 нејзината мајка Н.С.(46) пријави дека таа се оддалечила од домот на подрачјето на Гази Баба.