Црна хроника
Приведени повеќемина дилери на дрога во неколку полициски акции во земјава
Неколку лица се приведени во полициски акции во земјава против дилери на дрога. Како што информира МВР, вчера во 22.30 часот во с.Жеровјане, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето А.И.(42) од с.Чегране, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен содветен поднесок.
Претходниот ден во 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија ги лишиле од слобода Б.П.(19), А.Н.(18), Ф.Д.(18), Ѓ.К.(18) и П.П.(20) од Гевгелија, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и одземена при претрес во домот на Б.П., извршен со судска наредба. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Куманово на 3.12.2019 година поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.07.2019 околу 23 часот на ул.„В.Маслеша“, при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Р.(34) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 7.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во куќата во која престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и трамадол.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 7.09.2019 во 22.30 часот пријавениот му посредувал на Т.М. од Велес за набавка на марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.

