Црна хроника
Приведени три лица од Скопје и скопско барани со потерници
Во 13.30 часот во с. Грчец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ш.П. (29) од с. Батинци, скопско, кој бил баран со централна потерница за затворска казна од пет месеци за сторено кривично дело по член 301 од КЗ.
Исто така, околу 15 часот, на ул. „Фан Ноли“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода З.Д.(33) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од два месеца по чл. 297 став 3 од КЗ.
Во с. Страхолица, Зелениково полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода и А.Д. (34) од истото село, кој бил баран со потерница за затворска казна од еден месец и 20 дена за сторено кривично дело по член 297 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

