Контакт

Црна хроника

Приведени три лица при претрес во Штип

Објавено пред

Вчера, во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Т. З. (44), М. Д. (19) и А. Ј. (22), сите од Штип.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот на Т. З., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати М. Д. и А. Ј., биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, две дигитални ваги, пари и предмети што потекнуваат од извршени кривични дела кражба и тешка кражба.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.

Црна хроника

Возел со 1,78 промили алкохол во крвта: приведен возач од Кумановско

Објавено пред

Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане.

dobivaj vesti na viber

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Вчера казнети 132 возачи кои биле под дејство на алкохол а 114 без возачка дозвола

Објавено пред

Во текот на вчерашниот празничен ден (01.05.2025), а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци биле за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка дозвола.

dobivaj vesti na viber

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 115 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење, соопшти МВР.

Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Прикажи повеќе...

Топ

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Објавено пред

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.

dobivaj vesti na viber

Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.

Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Разузнавачки служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија2 часа

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет3 часа

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши наскоро, додека американскиот државен...

Македонија3 часа

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет3 часа

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ14 часа

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ14 часа

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет15 часа

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија20 часа

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија23 часа

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија23 часа

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...

Топ24 часа

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на...

Македонија1 ден

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...

Свет1 ден

Америка и Украина го потпишаа долгоочекуваниот договор за минералите

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот...

Македонија1 ден

Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата. Од АМСМ велат дека времето на...

Топ2 дена

По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот....

Македонија2 дена

Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар...

Македонија2 дена

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање...