Црна хроника
Приведени три странски државјанки во ноќен локал во Желино
Приведени три странски државјанки во угостителски објект во тетовско Желино.
Според информациите, едната е од Португалија, другата од Украина, а третата не се наведува од која држава е.
„Ноќеска (10 јули), околу 1.35 часот, во угостителски објект во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле странските државјанки: В. С. (28) поради сомнение за злоупотреба на туристички престој и А. Г. (32) од Португалија и Н. А. (32) од Украина поради сомнение дека престојувале спротивно на целта. Трите странски државјанки се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка“, соопшти СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

